Mutlu Demirtaştan
03 Февруари 2019•Ажурирај: 04 Февруари 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Кошаркарската НБА-ѕвезда, Џејмс Харден, кој игра во дресот на Хјустон Рокетс, во натпреварот против Јута Џез постигна 43 поени и даде голем придонес во победата од 125:98, пишува Anadolu Agency (AA).
Синоќа се одиграа 12 натпревари во американската Национална кошаркарска лига (НБА). Хјустон на гостински терен ја совлада Јута со 125:98, а одлична игра во Рокетси покажа ѕвездата Харден, постигнувајќи дабл-дабл од 43 поени, 12 скока, 5 асистенции, 6 украдени топки и 4 блокади. Ова е 26. натпревар на Харден во кој едноподруго успева да постигне повеќе од 30 поени.
Рокетси ја извојуваа својата 30. победа сезонава, а покрај Харден, одлична игра покажаа и Џерард Грин со 25 и Остин Риверс со 16 поени.
Донован Мичел со 26 поени, 9 асистенции и 6 скока и Руди Гоберт со дабл-дабл од 10 поени и 13 скока, не успеаја да го спречат 24. пораз на Јута Џез.
- Џеди Осман постигна 10 поени -
Охриѓанецот Џеди Осман, и репрезентативец на турската кошаркарска репрезентација кој игра во дресот на Кливленд Кавалирс, на домашен терен загуби од Далас Маверикс со резутлат 98:111.
Најдобри во редовите на Кавалирс, кој сезонава го доживеа својот 42. пораз, беа Џордан Кларсон со 19 поени, Колин Секстон со 13 и Дејвид Нваба со 12 поени. Џеди Осман го започна натпреварот во првата петорка, а на теренот мина 14 минути и 29 секунди, постигнувајќи скор од 10 поени, 2 скока, 3 асистенции и една украдена топка. Во второто полувреме, Осман под кошот претрпе повреда на скочниот зглоб на десната нога, поради која не беше во можност да го продолжи натпреварот.
Во екипата на Мавериск, најдобар перформанс покажаа Лука Дончиќ со дабл-дабл учинок од 35 поени, 11 скока, 6 асистенции и Харисон Барнс со 17 поени и 5 скока, носејќи му ја на Далас 24. победа сезонава.
За вечер се закажани три натпревари. Се среќаваат:
Њујорк Никс - Мемфис Гризлис
Бостон Селтикс - Оклахома Сити Тандерс
Торонто Рапторс - Лос Анџелес Клиперс
- Резултати
Детроит Пистонс - Лос Анџелес Клиперс 101:111
Шарлот Хорнетс - Чикаго Булс 125:118
Орландо Меџик - Бруклин Нетс 102:89
Вашингтон Визардс - Милвоки Бакс 115:131
Кливленд Кавалирс - Далас Маверикс 98:111
Мајами Хит - Индијана Пејсерс 88:95
Голден Стејт Вориорс - Лос Анџелес Лејкерс 115:101
Сан Антонио Спарс - Њу Орлеанс Пеликанс 113:108
Минесота Тимберволвс - Денвер Нагетс 106:107
Феникс Санс - Атланта Хоукс 112:118
Јута Џез - Хјустон Рокетс 98:125
Сакраменто Кингс - Филаделфија Севентисиксерс 115:108