Mutlu Demirtaştan
23 Декември 2018•Ажурирај: 23 Декември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Екипата на Филаделфија Севентисиксерс на свој терен го совлада лидерот во Источната конференција, тимот на Торонто Рапторс, со резултат 126:101, пишува Anadolu Agency (AA).
Филаделфија Севентисиксерс стигна до својата 7. победа сезонава, а најзаслужни за тоа беа Џоел Ембид со дабл-дабл од 27 поени и 11 скока, Бен Симонс со дабл-дабл од 26 поени, 12 скока и 8 асистенции, турскиот репрезентативец Фуркан Коркмаз со 16 поени, 4 скока, 3 украдени топки и Џими Батлер со 12 поени, 7 скока и 7 асистенции.
Најпрецизни во редовите на Рапторс, кој го претрпе 10. пораз сезонава, беа Паскал Сиакам со 26 и Кајл Лаури со 20 поени.
- Харден постигна 39 поени -
Тимот на Хјустон Рокетс на домашен терен го совлада Сан Антонио Спарс, со резултат 108:101.
Во редовите на Рокетс, кој ја извојува својата 17. победа сезонава, најпрецизни беа Џејмс Харден со дабл-дабл од 30 поени, 10 асистенции и 4 скока, Клинг Капела со дабл-дабл од 21 поен и 23 скока.
Ова е 16. пораз на Спарси, а најпрецизни беа Демар Дерозан со 28 поени, 8 асистенции, 7 скока, Ламаркус Олдриџ со 18 поени и 6 скока.
За вечер се закажани 11 средби во НБА.
- Резултати:
Лос Анџелес Клиперс - Денвер Нагетс 132:111
Вашингтон Визардс - Феникс Санс 149:146 (во продолженија)
Филаделфија Севентисиксерс - Торонто Рапторс 126:101
Мајами Хит - Милвоки Бакс 94:87
Хјустон Рокетс - Сан Антонио Спарс 108:101
Голден Стејст Вориорс - Далас Маверикс 120:116
Јута Џез - Оклахома Сити Тандер 106:107