Meryem Göktaş
23 Декември 2018•Ажурирај: 23 Декември 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изрази сочувство до Индонезија поради цунамито што синоќа ја погоди земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во името на турскиот народ го изразувам нашето сочувство до населението на Индонезија“, истакна Ердоган во своето обраќање на состанокот на Финансиското генерално собрание за 2018 година на Советот за надворешни економски односи (DEIK) во Истанбул.
Според најновите податоци на индонезиската Национална агенција за справување со катастрофи, најмалку 222 лица загинаа, а стотици се повредени кога цунами, најверојатно предизвикано од вулканска ерупција, синоќа го погоди индонезискиот теснец Сунда.
„Бројот на жртви може да се порасне бидејќи не се евидентирани сите погодени подрачја“, истакна портпаролот на Националната агенција, Сутопо Пурво Нугрохо.
Индонезија лежи во таканаречениот „Огнен прстен“ во Тихиот океан, каде што тектонските плочи се судираат и предизвикуваат чести сеизмички и вулкански активности.