Mutlu Demirtaştan
12 Ноември 2021•Ажурирај: 14 Ноември 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Во американската Национална кошаркарска лига (НБА), Торонто Репторс ја совлада Филаделфија Севентисиксерс со 115:109, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа три натпревари во НБА. Совладувајќи го Севентисиксерс на гости, Репторс по три натпревари дојде до својата седма победа сезонава.
Најзаслужни за победата на Репторс беа Фред ВанВлит со 32 поени, Гери Трент Џуниор и Оџи Ануноби со по 20 поени.
Најпрецизни во редовите на Севентисиксерс, кој го претрпе својот петти пораз сезонава, трет едноподруго, беа Тајриз Макси со постигнати 33 поени, Тобајас Херис со 19 и Сет Кари со 15 поени. Турскиот интернационалец Фуркан Коркмаз на паркетот мина 26 минути и 31 секунда, постигнувајќи 9 поени, 5 скока и 5 асистенции.
- Шеста последователна победа над Клиперс -
Екипата на Лос Анџелес Клиперс ја постигна својата шеста последователна победа, седна сезонава, совладувајќи го на домашен терен Мајами Хит со резултат 112:109.
Најзаслужни за победата на Клиперс беа Пол Џорџ со постигнати 27 поени, Реџи Џексон со 22 поени и Ерик Бледсо со 21 поен.
Во екипата на Мајами Хит, најпрецизни играчи беа Бем Адебајо со 30 поени, Кајл Лаури со 25 и Тајлер Хиро со 23 поени, но тоа не беше доволно за да се избегне петтиот пораз сезонава.
Во третиот натпревар екипата на Индијана Пејсерс на гостински терен ја совлада Јута Џез со резултат 100:111.