Abdulkadir Karakaya
02 Февруари 2021•Ажурирај: 04 Февруари 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Екипата на Хјустон Рокетс во натпреварот од американската Национална кошаркарска лига (НБА) со резултат 136:106 ја совлада екипата на Оклахома Сити Тандер и постави нов рекорд во НБА во постигнување тројки, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 9 натпревари во НБА. Во дуел на тимовите од Западната конференција, Хјустон Рокетс како гостин со 30 поени разлика го совлада тимот на Тандер и дојде до својата 6. последователна победа.
Рокетси во првата четвртина постигнаа 11 тројки и поставија нов рекорд во НБА со постигнати тројки во една четвртина. Ерик Гордон од Рокетс, кој на теренот влезе од клупата, постигна 25 поени и беше најпрецизниот играч на средбата, додека Кристијан Вуд и Џон Вол постигнаа по 18 поени, давајќи свој придонес во победата на Хјустон.
Во редовите на Тандер најпрецизен беше Шеј Гилџес-Александер со 19 поени, додека Дариус Бејзли и Хамиду Диало постигнаа по 15 поени, но тоа беше недоволно за победа на домашната екипа.
- Санс до победа на 1,5 секунди пред крајот на средбата -
Феникс Санс успеа да стигне до победа од 108:109 на гостувањето кај Далас Маверикс благодарение на Девин Букер, кој постигна тројка на 1,5 секунди пред крајот на средбата.
Санс дојдоа до својата 11. победа, а најзаслужни за победата беа Крис Пол со 34 поени, 9 скока и 9 асистенции, Девин Букер со 24 поени и Франк Камински со 11 поени, 4 скока и 2 асистенции.
Во редовите на Маверикс, најпрецизни беа Лука Дончиќ со 25 поени и 8 асистенции и Џош Ричардсон со 24 поени и 5 скока.
- Охриѓанецот Џеди Осман со 10 поени даде придонес во победата на Кавалирс -
Турскиот интернационалец, охриѓанецот Џеди Осман, на средбата против Минесота Тимберволвс постигна 10 поени и 7 скока, со што придонесе во победата на Кливленд Кавалирс од 100:98.
Во Кавалирс, Џарет Ален постигна дабл-дабл учинок од 23 поени и 18 скока, а Колин Секстон 26 поени, 3 скока и 3 асистенции, со што дадоа значаен придонес во 10. победа сезонава.
Во редовите на гостинската екипа Тимберволвс, Д’Анџело Расел постигна 18 поени и 4 асистенции, а Ентони Едвардс оствари учинок од 13 поени и 3 скока.
- Резултати:
Мајами Хит - Шарлот Хорнетс 121:129
Атланта Хоукс - Лос Анџелес Лејкерс 99:107
Кливленд Кавалирс - Минесота Тимберволвс 100:98
Милвоки Бакс - Портланд Треил Блејзерс 134:106
Оклахома Сити Тандер - Хјустон Рокетс 106:136
Чикаго Булс - Њујорк Никс 110:102
Њу Орлеанс Пеликанс - Сакраменто Кингс 109:118
Сан Антонио Спарс - Мемфис Гризлис 102:133
Далас Маверикс - Феникс Санс 108:109.