Yunus Kaymaz
04 Февруари 2021•Ажурирај: 05 Февруари 2021
ИСТАНБУЛ - Екипата на Филаделфија Севентисиксерс како гостин во рамките на натпреварите во американската Национална кошаркарска лига (НБА), со 111:118 ја совлада Шарлот Хорнетс, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 10 натпревари во НБА. Екипата на Филаделфија Севентисиксерс, лидерот на Источната конференција, водејќи во текот на целиот натпревар, како гостин со 7 поени разлика го совлада противникот и ја постигна својата 4. последователна победа.
Во гостинската екипа најдобра игра прикажа Џоел Ембид со дабл-дабл од 34 поени, 11 скока, 2 асистенции, а Тобијас Херис со 26 поени, 6 скока, 4 асистенции и Дени Грин со 16 поени, 1 скок, 1 асистенција го дадоа својот придонес во победата на Севентисиксерс.
Во редовите на Хорнетс, Гордон Хејвард постигна 22 поени, 9 асистенции, 6 скока, додека ЛаМело Бол постигна 22 поени, 7 скока, 3 асистенции, но недоволно за да се избегне поразот од лидерот во Источната конференција.
- Маверикс до победа по шест порази -
Екипата на Далас Маверикс како гостин ја совлада Атланта Хоукс со 116:122, по шест порази во лигата.
Во редовите на Маверикс дабл-дабл учинок постигнаа Лука Дончиќ со 27 поени, 14 асистенции, 8 скока и Кристапс Порзингис со 24 поени, 11 скока, 2 асистенции, давајќи значаен придонес во победата на гостите.
Во редовите на Хоукс дабл-дабл остварија Џон Колинс со 35 поени, 12 скока, 1 асистенција, Кевин Ертер со 21 поен, 10 асистенции, 5 скока и Клинт Капела со 10 поени, 13 скока, 2 асистенции, но тоа не беше доволно домаќинот да дојде до победа.
- Клиперс ја извојува својата 17. победа сезонава -
Лос Анџелес Клиперс како гостин со 99:121 ја совлада Кливленд Кавалирс, екипата на турскиот интернационалец, охриѓанецот Џеди Осман. Ова е 17. победа на Клиперс сезонава.
Во редовите на Клиперс најпрецизни беа Пол Џорџ со 36 поени, 6 асистенции, 4 скока, Кавај Леонард со 24 поени, 6 скока, 3 асистенции, додека Ивица Зубац постигна дабл-дабл од 10 поени, 16 скока, 1 асистенција.
Во Кавалирс Колин Секстон постигна 27 поени, 5 асистенции, 1 скок, Дариус Гарланд 23 поени, 4 скока, 2 асистенции, додека Џеди Осман постигна 9 поени, 4 скока и 1 асистенција.
- Резултати
Милвоки Бакс - Индијана Пејсерс 130:110
Шарлот Хорнетс - Филаделфија Севентисиксерс 111:118
Атланта Хоукс - Далас Маверикс 116:122
Чикаго Булс - Њујорк Никс 103:107
Оклахома Сити Тандер - Хјустон Рокетс 104:87
Кливленд Кавалирс - Лос Анџелес Клиперс 99:121
Мајами Хит - Вашингтон Визардс 100:103
Сан Антонио Спарс - Минесота Тимберволвс 111:108
Њу Орлеанс Пеликанс - Феникс Санс 123:101
Сакраменто Кингс - Бостон Селтикс 116:111