Hüseyin Burak Demirer
29 Април 2018•Ажурирај: 30 Април 2018
АНКАРА (АА) - Во плеј-оф натпреварите на Американската кошаркарска лига (НБА), Бостон Селтикс го совлада Милвоки Бакс со резултат 112:96 и со победа од 4:3 се пласираше во полуфиналето на Источната конференција на НБА, пренесува Anadolu Agency (AA).
Синоќа се одиграа два натпревари од плеј-офот на НБА. Бостон Селтикс и Милвоки Бакс по серијата 3:3, го одиграа последниот седми натпревар од четвртфиналето во Источната конференција. Селтик извојува победа од 112:96 и со 4:3 избори пласман во полуфиналето на Источната конференција, каде ќе се сретне со екипата на Филаделфија Севентисиксерс.
Најголем придонес во победата на Селтикс дадоа Тери Розие со 26 поени, 9 асистенции, 6 скока; Ал Хорфорд со 26 поени, 8 скока и Џејсон Тејтум со 20 поени, 6 скока и 5 асистенции.
Во екипата на Бакс, најдобри беа Крис Мидлтон со 32 поени, Јанис Андетокумбо со 22 поени, 9 скока, 5 асистенции и Ерик Бледсо со 23 поени.
- Вориорс преминаа во водство -
Голден Стејт Вориорс, во првиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција, на домашен терен ја пречекаа екипата на Њу Орлеанс Пеликанс. Вориорс беа подобри и со победата од 123:101 над Пеликанс, преминаа во водство со 1:0.
Во редовите на Вориорс, најголем број поени постигнаа Клеј Томсон - 27 поени, 6 скока, и Кевин Дурант со дабл-дабл од 26 поени и 13 скока. Дрејмонд Грин од редовите на Вориорс постигна трипл-дабл со 16 поени, 15 скока и 11 асистенции.
Најефиксен во редовите на Пеликанс беа Ентони Дејвис постигнувајќи дабл-дабл од 21 поен, 10 скока и 3 украдени топки, И’туан Мур со 15 поени и Џордан Крафорд со 14 поени.