Abdulkadir Karakaya
16 Февруари 2021•Ажурирај: 17 Февруари 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Екипата на Јута Џез на домашен терен со резултат 134:123 ја совлада Филаделфија Севентисиксерс и ја постигна својата 8. последователна победа оваа сезона во НБА, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 7 натпревари во американската Национална кошаркарска лига (НБА). Екипата на Јута Џез, лидерот на Западната конференција, во натпревар во кој шест нејзини кошаркари постигнаа двоцифрен број на поени, со резултат 134:123 го совладаа лидерот на Источната конференција, екипата на Филаделфија Севентисиксерс.
Градител на победата на Џез беше Џордан Кларксон, кој во игра влезе од клупата, постигнувајќи 40 поени. Донован Мичел постигна 24 поени, 5 асистенции и 3 скока, додека Џо Иглс постигна 20 поени, 5 асистенции и 3 скока.
Во редовите на Севентисиксерс најдобар перформанс, уривајќи го сопствениот рекорд, постигна Бен Симонс со дабл-дабл од 42 поени, 12 асистенции и 9 скока. Дабл-дабл учинок постигнаа и Тобијас Харис со 36 поени и 10 скока и Двајт Хауард со 14 поени и 12 скока.
- Нетс до победа со рекорд на тројки -
Бруклин Нетс, постигнувајќи 27 тројки, го урна клупскиот рекорд на постигнати тројки на еден натпревар и го совлада Сакраменто Кингс со 136:125.
Кари Ирвинг беше најефикасен играч во редовите на Нетс со постигнати 40 поени, 4 скока и 3 асистенции, додека Џејмс Харден постигна трипл-дабл од 29 поени, 14 асистенции и 13 скока.
Кај Кингс најпрецизен беше Хасан Вајтсајд со дабл-дабл учинок од 26 поени и 16 скока, додека Кори Џозеф постигна 22 поени, 5 асистенции и 2 скока.
- Постигнатите дабл-дабл на Џеди недоволни за Кавалирс -
Екипата на Кливленд Кавалирс ѝ гостуваше на екипата на Голден Стејт Вориорс. Турскиот интернационалец, охриѓанецот Џеди Осман, на овој натпревар постигна дабл-дабл од 17 поени и 10 скока, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот од домаќинот Вориорс од 129:98.
Стефен Кари на овој натпревар постигна 36 поени, 6 асистенции и 2 скока, Ендрју Вигинг постигна 15 поени и 4 скока, а Кели Убре го заврши натпреварот со 14 поени и 3 скока.
Ова е осми последователен пораз на Кавалирс. Најпрецизни кај гостите беа Колин Секстон со 23 поени и 5 асистенции, Џеди Осман со 17 поени и Дариус Гарланд со 16 поени.
- Резултати:
Вашингтон Визардс - Хјустон Рокетс 131:119
Индијана Пејсерс - Чикаго Булс 112:120
Њујорк Никс - Атланта Хоукс 123:112
Јута Џез - Филаделфија Севентисиксерс 134:123
Лос Анџелес Клиперс - Мајами Хит 125:118
Сакраменто Кингс - Бруклин Нетс 125:136
Голден Стејт Вориорс - Кливленд Кавалирс 129:98.