Can Erözden
03 Јули 2023•Ажурирај: 05 Јули 2023
АНКАРА (АА) – Австралискиот тенисер Ник Кирјос објави дека се повлекува од Вимблдон 2023 поради повреда на зглобот, пренесува Анадолу.
„Навистина сум тажен што соопштувам дека мора да се повлечам од годинашниот Вимблдон“, објави преку Инстаграм Кирјос, финалист во машка конкуренција за 2022 година.
„За време на мојот камбек доживеав болка во зглобот во Мајорка.“
„Како мерка на претпазливост го снимав по што се констатираа скинати лигаменти на мојот зглоб“, рече 28-годишниот тенисер.
„Се обидов со сè за да можам да играм и разочаран сум што мора да кажам дека едноставно немав доволно време да закрепнам пред Вимблдон“, додаде тој.
На 33. место на светската листа, Кирјос изгуби од српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во финалето на шампионатот Вимблдон минатата година.
Тенискиот Грен слем турнир Вимблдон почнува денес и ќе трае две недели.