Associated Press
02 Јули 2023•Ажурирај: 04 Јули 2023
Шпилберг (АА) - Формула 1 објави денес дека потпишала нов договор со Големата награда на Австрија, според кој трката на познатата патека во Шпилберг ќе се одржува до 2030 година, пренесува Анадолу.
Одлуката доаѓа само неколку месеци откако Ф1 и ГН на Австрија потпишаа четиригодишен договор до 2027 година.
Големата награда на Австрија се врати во календарот на Формула 1 во 2014 година и оттогаш патеката РБ Ринг дочека милиони навивачи.
„Трката во Австрија им е омилена на возачите и на сите наши навивачи“, рече Стефано Доменикали, претседателот на Ф1.
Австрија е домаќин на трката во шампионатот во Ф1 од 1964 година, а патека РБ Ринг е во календарот на трките во Формула 1 секоја година од 2014.