Associated Press
22 Април 2023•Ажурирај: 25 Април 2023
ВАШИНГТОН (АА) - Националната американска лига за рагби (NFL) суспендираше вчера тројца играчи на неопределено време поради кладење на натпревари во НФЛ-лигата во сезоната 2022, додека други двајца играчи се суспендирани на шест натпревари поради кладење на натпревари надвор од НФЛ-лигата, пренесува Анадолу.
Играчите Квинтез Сифус, Си-Џеј Мур и Шака Тони се суспендирани до крајот на сезоната 2023 и можат да поднесат барање за враќање на теренот по истекот на оваа казна.
Стенли Берихил и Џејмсон Вилијамс добија суспензија од шест натпревари, иако ќе можат да учествуваат во сите претсезонски активности, вклучувајќи ги и претсезонските натпревари.
Од НФЛ тврдат дека не е докажано дали користеле какви било инсајдерски информации или дека некој натпревар на каков било начин била загрозен.
Инцидентите со кладење се релативно ретки во НФЛ. Неодамна играчот Калвин Ридли беше суспендиран од целата сезона 2022 поради кладење на лигашките натпревари.