Emrah Oktay
10 Јуни 2019•Ажурирај: 11 Јуни 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот фудбалски стручњак Окан Бурук (45) е новиот шеф на стручниот штаб на истанбулскиот клуб Башакшехир, јавува Anadolu Agency (AA).
Управата на турскиот вицешампион Башакшехир денес соопшти дека договорот е постигнат и дека Бурук утре и официјално ќе биде претставен како нов тренер на тимот.
Позицијата шеф на стручниот штаб на Башакшехир се ослободи минатата недела откако клупата ја напушти Абдула Авџи, кој стана тренер на Бешикташ.
Новиот тренер на Башакшехир е млад стручњак кој ја заврши својата кариера како играч во 2010 година, токму во тој клуб.
Темпераментниот Бурук во својата кариера како фудбалер настапуваше во екипите на Галатасарај, Интер и Бешикташ.
Во својата шестгодишна кариера како тренер водеше шест турски тимови, а Башакшехир ќе биде негов најголем предизвик досега. Дебито како тренер го имаше во Елазигспор.