Bedrudin Brljavac
19 Мај 2024•Ажурирај: 21 Мај 2024
РИЈАД (АА) - Украинскиот боксер Олександр Усик стана апсолутен светски шампион во тешка категорија, откако по 12 рунди со поделена одлука на судиите, на поени го совлада Британецот Тајсон Фјури, известува Анадолу.
По жестока борба, Усик во осмата рунда му го скрши носот на Фјури, а кон крајот на деветтата со серија крошеа го затресе Британецот, кој едвај се задржа на нозе, но судијата сепак му броеше.

Усик на крајот од натпреварот го развиори знамето на Украина на кое пишуваше „Јунајтед 24“.
И двајцата борци влегоа во борба без пораз во кариерата. Фјури беше сопственик на титулата во тешка категорија на ВБЦ од 2020 година, а Украинецот ги имаше појасите на ВБА, ВБО и ИБФ, откако во 2021 година од тронот го симна Британецот Ентони Џошуа.
Со оваа победа Усик стана првиот сеопфатен шампион во тешка категорија по Ленокс Луис, кој беше крунисан во 1999 година во Лас Вегас. Сепак, постои една разлика помеѓу Луис и Усик. Украинецот е првиот што ги обедини титулите во ерата на четири појаси, што започна во 2004 година со верификацијата на ВБО.
Усик стигна до 22. победа на 22 меча, а Фјури го доживеа првиот пораз во кариерата во која досега имаше 34 победи и еден нерешен меч.