Bedrudin Brljavac
19 Мај 2024•Ажурирај: 20 Мај 2024
ЛЕВЕРКУЗЕН (АА)
Фудбалерите на Баер Леверкузен во последното коло на германската Бундеслига го совладаа Аугсбург со 2:1 и фудбалската сезона во домашната лига ја завршија без загубен натпревар, известува Анадолу.
Баер Л. во 27 минута веќе водеше со 2:0 со погодоците на Виктор Бонифејс и Роберт Андрих, а единствениот погодок за гостите го постигна Мерт Ќомур.
Баер Леверкузен за првпат стана фудбалски шампион на Германија во својата 119 годишна историја, а ова е првпат некој клуб во Бундеслигата до шампионската титула да дојде без загубен натпревар.
Претходно рекордот со најмал број загубени натпревари беше во сопственост на Баерн Минхен, кој во сезоните 1986/87 и 2012/2013, шампионската титула ја освои со по еден загубен натпревар.
Баер, предводен од Чаби Алонсо, не загуби ниту еден натпревар оваа сезона во сите натпреварувања, односно нема загубено на 51 натпревар по ред.
Освен освојувањето на титулата шампион на Германија, Баер Леверкузен до крајот на сезоната има можност да освои уште два трофеи. Во среда во Даблин ќе го игра финалето во Лига Европа против италијанскиот тим на Аталанта, а веќе следната сабота во финалето на германскиот куп противник му е второлигашот Кајзерслаутерн.