САРАЕВО (AA) - Дејан Максимовиќ
Летните олимписки игри во Рио де Женеиро се се поблиску, а репрезентациите на земјите од регионот се подготвени за предизвиците кои ги чекаат во Јужна Америка. На игрите во Рио од регионот најброен олимписки тим ќе има Србија која патува со дури 103 спортисти во 14 спортови, додека најмал тим ќе има Македонија со само пет спортисти, јавува Аnadolu Agency (AA).
Со најмалку спортисти од селекциите од регионот во Рио доаѓа Македонија. Во македонскиот состав има пет спортисти, а важно е да се нагласи дека ниту еден од нив не ја исполнил олимписката норма, туку во Бразил патуваат со покани.
Србија ќе има дури четири репрезентации во екипните спортови, па поради тоа нивниот тим е најброен. Србија во Рио ќе ја претставува машка и женска кошаркарска репрезентација, женска одбојкарска и машка ватерполо селекција. Освен Србија, претставници во екипните спортови од регионот во Рио ќе имаат и Хрватска, Словенија и Црна Гора.
Хрватска во Бразил патува со селекции во три екипни спорови и тоа во машка конкуренција. Медал за Хрватите во екипните спортови ќе се обидат да го освојат ракометарите, кошаркарите и ватерполистите.Црна Гора ќе има репрезентации, женска ракометна и машка ватерполо.Со една репрезентација во Рио ќе оди Словенија, и тоа со машката ракомента, која ја предводи некогаш извонредниот југословенски ракометар Веселин Вујовиќ, кој во текот на играчката кариера има освено златни и сребрени олимписки медал.
- Хрватите, Србите и Словенците имаат највеќе кандидати-
Од дури 103 спортисти во Србија во Рио де Женеиро највеќе се очекува од Ивана Максимовиќ Анѓушиќ, која на минатите игри во Лондон освои сребрен медал во стрелаштво. Таа ќе носи знаме на Србија на отворањето на игрите. Освен неа, тука е многу силниот атлетски тим кој го предводи Ивана Шпановиќ, европски шампион во скок во далелина, па и таа би можела да освои олимписки медал. Тенисерот Новак Ѓоковиќ и ватерполистите на Србија, како Милица Мандиќ која ќе се бори да освои медал во теквондо и ќе го брани златото освоено во Лондон во категорија преку 67 килограми , се најголемите адути во Рио на српскиот олимписки тим, наведува Anadolu Agency (AA).
По Србија најброен тим од регионот во Рио де Женеиро ќе има Хрватска со 87 спортисти. Хрватскиот атлетски тим за Рио во кој се Сандра Перковиќ, најдобриот фрлач на диск во светот и Бланка Влашиќ, некогаш една од најдобрите фрлачи во височина им гарантираат некоја од медалите во "кралицата на спортовите". Со Ана Шимиќ која има бронза во скок во далечина од Европското првенство во Цирих 2014 година, Хрватска навистина има на што да се надева. Освен во екипните спортови, ватерполо и ракомет, во кои Хрватите традицонално освојуваат олимписки медали, одликувања можат да очекуваат и во поединечните спортови, како што се тенис (Марин Чилиќ), стрелаштво (Џовани Церногораз), теквандо (Луција Заниновиќ), гимнастика (Филип Уде) ...
Словенскиот олимписки тим за Рио де Женеиро брои 62 спортисти, од што 17 ракометари, иако 14 можат да бидат пријавени за олимпискиот турнир. Словенците традицонално имаат многу успех во поединечните спортови на Олимписките игри, па слично може да очекуваат и во Бразил. Едриличарот Василиј Жбогар веќе освојуваше олимписки медал, сребро во Пекинг 2008 година. Тука се и џудистката Тина Трстењак, скокач со стап Роберт Ренер, како и многу силниот кајак-кану тим во кој има неколку натпреварувачи кои би можеле да постигнат добри резултати. Секако, не треба да се заборават ниту ракометарите на Словенија, кои не спаѓаат во кругот на фаворитите за медал, но нивниот селектор Веселин Вујовиќ подготвен е да направи чудо со било кој тим, што го докажа во претходните две сезони со Загреб во кој е тренер. Освен неговото искуство и квалитет, мора да се каже дека Словенците со Урош Зорман и Вида Кавтичник, како најискусни во тимот можат да изненадат секого, дури и најголемите фаворити како што се Французите, Данците и Хрватите.
- Тука и Келменди надеж за БиХ и Косово -
Црна Гора во Рио заминува со 34 спортисти и два големи надежи, женската ракометна и машка ватерполо репрезентација. Ракометарките до сега освоиле единствена црногорски олимписки медал. Тоа се случи пред четири години во Лондон кога освоија сребро. Ватерполистите на Црна Гора спаѓаат во самиот светски врв, па не би било изненадување во Рио да ја изненадуваат нацијата со некое од одликувањата.
И Босна и Херцеговина по прв пат од своето осамостојување на Олимписките игри оди со надеж дека ќе може да дојде до олимписки медал. Меѓу 11 босанско-херцеговски спортисти, таа надеж е Амел Тука, моментално еден од најдобрите атлетичри во светот. Тука минатата година освои бронза во трката на 800 метри на Светското првенство во Пекинг и на митингот на Дијамантската лига истрча 1:42,51 минута што е најдобро време минатата сезона во светот. Оваа година освои четврто место на Европското првенство во Амстердам на 800 метри. Во олимпискиот тим на БиХ има највеќе атлетичари. Освен Тука тука се уште и маратонката Луциа Кимани, како и фрлачи на кугла Халза Алиќ, Кемал Мешиќ и Месуд Пезер, но освојувањето на медалот на некој од нив би било еднакво на сензација. Во Рио забележителен резултат може да се очекува и од Дамир Џумхур, 77 тенисер на светот.
Косово е единствена земја од регионот која во Рио ќе дебитира на Олимписките игри и веднаш очекува освојување на медал. Меѓу осумте косовски спортисти се издвојува џудистката Мајлинда Келеменди, поранешен светски и актуелен двократен европски шампион во категоријата до 52 килограми.
Летните олимписки игри, 31 по ред, во Рио де Женеиро ќе се одржат од 5 до 21 август. Се очекува учество на повеќе од 10.500 спортисти од 207 земји. Ќе се одржат 306 натпревари во 41 дисциплина во 28 спортови. Најбројниот олимписки тим би требло да го имаат САД со дури 555 спортисти, по кои следува домаќинот Бразиќ со 465, Кина со 413 и Австралија со 410.
- Хрватска има 23 олимписки медали-
Хрватска која на летните игри од Барселона 1992 година до сега освои 23 медали. Највеќе на минатите игри во Лондон каде хрватскот тим броеше дури 106 спортисти и каде освоија шест медали, три златни, една сребрена и две бронзени.
Словенија од Барселона 1992 има 19 освоени медали. Најуспешна летна Олимпијада за словенскиот спорт беше 2000 година во Сиднеј кога се освоени два златни медали. Најголем број медали, пет, Словенија освои во Пекинг 2008 година. Од петте одликувања, едното беше златно, а по две сребени и бронзени.
Србија на своите три настапи како самостојна држава (Штокхолм 1912, Пекинг 2008 и Лондон 2012 година) успеа да освои седум медали.Далечната 1912 не дојде до меал, а највеќе освои во Лондон, четири, по еден златен и сребрен и два бронзени.
Црна Гора во досегашните два настапи има едно одликување, сребрено, на ракометарките од Лондон пред четири годни. Македонија на летните игри од Атланта 1996 година, а има еден освоен медал кој во 2000 година во Сиднеј го освои борачот Мохамед Ибрахимов.
БиХ, иако на летните олимписки игри настапува од 1992 година и Барселона сеуште нема медал. Косово како дебитант својот прв медал ќе го бара во Бразил.
news_share_descriptionsubscription_contact
