Bedrudın Brljavac,Bojana Stojanovıc,Stipe Majic
01 Јануари 2020•Ажурирај: 01 Јануари 2020
САРАЕВО/БЕЛГРАД/ЗАГРЕБ/ПОДГОРИЦА (АА) - Со музика и огномет на полноќ, новата 2020 година е дочекана на плоштадите на главните градови низ целиот Балкан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Со песните на регионалната музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ, десетици илјади сараевчани и туристи ја дочекаа Новата година на Плоштадот Босна и Херцеговина.
На полноќ беше организиран спектакуларен огномет, а Новата година на граѓаните им ја честита градоначалникот Абдула Скака.
- Дочек на Новата година пред Собранието на Србија -
Дочекот на Новата година на отворено во Белград се одржа пред Собранието на Србија, каде што граѓаните во 2020 година влегоа со музиката на Лепа Брена и огномет.
Како и претходните години, голем број граѓани, но и туристи, решија да ја дочекаат 2020 година на отворено.
- Дочек на Новата 2020 година на преполниот Плоштад Јосип Јелачиќ во Загреб -
На преполниот Плоштад бан Јосип Јелачиќ илјадници жители на Загреб, туристи и посетители на главниот град на Хрватска Новата 2020 година ја пречекаа со музичките настапи, а точно на полнќ имаа можност да го видат раскошниот огномет.
Прославата пред илјадниците насобрани на главниот плоштад во Загреб ја започнаа Нови фосили со своите хитови, а точно на полноќ, по одбројувањето и со традиционалниот огномет, среќна Нова 2020 година на сите им посака градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ.
Музичката програма по полноќ продолжува со „Прљаво казалиште“ до доцните часови.
- Во Подгорица дочек на централниот плоштад -
Во Подгорица и оваа година градските власти го организираа дочекот на Новата година на централниот градси плоштад, а граѓаните се забавуваа со локални бендови, додека на 1 јануари ќе настапува Дарко Рундек и Марко Луис.