Fatih Erel
24 Јануари 2019•Ажурирај: 25 Јануари 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Јапонката Осака Наоми, четвртата тенисерка во светот, денес ја победи 17. носителка, Чехинката Каролина Плишкова и влезе во финалето на Австралијан опен, пренесува Anadolu Agency (AA).
Јапонката Осака Наоми (22) победи со 6:2, 4:6, 6:4, и во финалето в сабота ќе се соочи со Чехинката Петра Квитова (28).
Квитова денес ја порази Американката Даниел Колинс и си обезбеди влез во првиот финален натпревар на Австралијан опен 2019.
Чешката тенисерка го освои првото Грем слем финале откако беше прободена во декември 2016 година.
Победничката од ова финале ќе ја замени Романката Симона Халеп, како светски рекет број еден.