Mahmoud Barakat
23 Јануари 2019•Ажурирај: 24 Јануари 2019
КАИРО (AA) - Профилите на социјалните мрежи на фудбалерот на Ливерпул, Египќанецот Мухамед Салах, се чини дека се недостапни, пишува Anadolu Agency (AA).
Фановите на Салах денес не беа во можност да ги видат неговите објави на Твитер, Инстаграм и на Фејсбук, каде што има милиони следбеници.
Останува нејасно зошто објавите на фудбалерот не се повеќе достапни, што предизвика шпекулации дека можеби тоа е порака од влијателната Египетска фудбалска федерација.
Имено, Салах вчера на Твитер објави мистериозна порака во која вели: „Резолуција 2019: Време е за вистински контакт.“
Салах постигна над 50 гола откако дојде во тимот на Ливерпул во 2017 година.