Mutlu Demirtaştan
30 Јануари 2019•Ажурирај: 31 Јануари 2019
ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот репрезентативец кој игра за Кливленд Кавалирс, Џеди Осман, во рамките на Ол-стар викендот ќе настапи во натпреварот на кошаркарските ѕвезди што се истакнаа во НБА, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на веб-страницата на Американската кошаркарска лига (НБА), охриѓанецот Џеди Осман, во рамките на Ол-стар викендот ќе настапи во натпреварот на кошаркарските ѕвезди што се истакнаа во НБА, што ќе се одржи во американскиот град Шарлот помеѓу 16-18 февруари.
Покрај Џеди, во екипата на тимот на светот ќе настапат Бен Симонс (Филаделфија Севентисиксерс), О-Џеј Ануноби (Торонто), Деандре Ејтон (Феникс), Богдан Богдановиќ (Сакраменто), Лука Дончиќ (Далас), Шај-Џулиус Александер (Лос Анџелес Клиперс), Радионис Курук (Бруклин Нетс), Лаури Mерканен (Чикаго) и Џош Окоги (Минесота).
Во екипата на САД ќе настапат Џерет Ален (Бруклин Нетс), Марвин Бигли, Деарон Фокс (Сакраменто), Лонзо Бол, Кајл Кузма (ЛА Лејкерс), Џон Колинс, Трае Јанг (Атланта), Џарен Џексон (Мемфис Гризлис), Донован Митчел (Јута) и Џејсон Татум (Бостон).
Од друга страна, почесни тренери ќе бидат Кајр Ирвин, од Бостон Селтикс, на тимот на САД, и Дирк Новицки од Далас Меверикс во тимот на светот.
- Џеди Осман привлекува внимание со своите перформанси -
Џеди Осман оваа сезона во НБА-лигата се истакнува со своите перформанси.
Тој во последните четири натпревари даде значаен придонес за својата екипа, постигнувајќи 25, 29, 17 и 26 поени.
Дваесет и деветте поени постигнати против екипата на Мајами Хит, беа рекордни во кариерата на турскиот репрезентативец.