Mutlu Demirtaştan
24 Декември 2018•Ажурирај: 25 Декември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот репрезентативец, охриѓанецот Џеди Осман, со своите 17 поени не успеа да го избегне поразот на Кливленд Кавалирс од екипата на Чикаго Булс од 112 : 92 во Американската кошаркарска лига (НБА), јавува Anadolu Agency (AA).
Синоќа се одиграа 11 натпревари во НБА. Кливленд Кавалирс на домашен терен загуби од Чикаго Булс со 92 : 112.
Лаури Маркканен со 31 поен беше најпрецизен во редовите на Булс, а свој придонес во 9-тата победа на Чикаго даде и Крис Дан со 17 поени.
Во редовите на Кавалирс најпрецизен беше Лери Ненси Џуниор со 20 поени, Џордан Кларсон со 17 поени и Џеди Осман со 17 поени, 7 скока и 1 асистенција.
- Кари и Дурант заедно постигнаа 77 поени
Sвездите на последниот шампион на НБА, Голден Стејт Вориорс, Стефен Кари и Кевин Дурант заедно постигнаа 77 поени, носејќи ѝ уште една победа на својата екипа.
Вориорс ја извојува својата 23. победа сезонава и се наоѓа на 2. позиција во Западната конференција. Кари постигна 42 поени и 6 скока, додека Дурант имаше дабл-дабл од 35 поени и 12 скока.
Најпрецизни во редовите на Клиперси беа Тобијас Харис со 32 поени и 9 скока, Данило Галинари со дабл-дабл од 25 поени и 11 скока, Лоу Вилијамс со 25 поени и 9 скока, што не беше доволно за да се избегне поразот.
Резултати:
Детроит Пистонс - Атланта Хоукс 95 : 98
Индијана Пејсерс - Вашингтон Визардс 105 : 98
Бостон Селтикс - Шарлот Хорнетс 119 : 103
Бруклин Нетс - Феникс Санс 111 : 103
Кливленд Кавалирс - Чикаго Булс 92 : 112
Орландо Меџик - Мајами Хитс 92 : 115
Сакраменто Кингс - Њу Орлеанс Пеликанс 122 : 117
Оклахома Сити Тандер - Минесота Тимберволвс 112 : 114
Голден Стејт Вориорс - Лос Анџелес Клиперс 129 : 127
Портланд Траил Блејзерс - Далас Маверикс 121 : 118 (во продолжетоци)
Лос Анџелес Лејкерс - Мемфис Гризлис 99 : 107