Bedrudin Brlyavac
09 Декември 2019•Ажурирај: 13 Декември 2019
РИМ (АА) - Стефано Пиоли, тренерот на Милан, по победата против Болоња на гости, истакна дека ова е уште еден важен чекор на патот кон заздравување на клубот, пренесува Агенција Анадолија (AA).
„Имаме квалитет, но мора да го зајакнеме интензитетот“, изјави Пиоли пред новинарите, додавајќи дека веќе размислува за следниот натпревар против Сасуоло.
Тој рече дека победата против Болоња е уште една причина да веруваат повеќе во своите можности.
„Сигурен сум дека можеме да продолжиме со прогресот“, рече Пиоли.
Тој нагласи дека е задоволен од играта на целата екипа, бидејќи сите вршеле притисок врз противничката екипа.
„Мислам дека секогаш треба да имаме ист пристап. Квалитетот е важен, но важно е сите да размислуваат како екипа и да се жртвуваат. Затоа, не е случајност што сега ги постигнуваме овие резултати“, рече Пиоли.
Тој истакна дека натпреварот против Болоња јасно покажал дека Милан има играчи кои можат да играат многу квалитетен фудбал.
По 15. коло, Милан е на 10. позиција со 20 бода.
Лидер во Серијата А е Интер со 38, а потоа следуваат Јувентус со 36, Лацио со 33, Каљари со 29, колку што има и Рома.