Bedrudin Brlyavac
09 Декември 2019•Ажурирај: 11 Декември 2019
ЛОНДОН (АА) - Жозе Мурињо, кој неодамна го презеде Тотенхем, наскоро екипата ќе ја зајакне со Маруан Фелаини, со кого соработуваше додека го водеше Манчестер јунајтед, пренесува Anadolu Agency (AA).
Мурињо за време на преговорите пред преземањето на Тотенхем од претседателот Даниел Леви дозна дека нема да има многу пари за зајакнување, но дека сепак изгледа успеал да ја убеди управата на клубот да го доведат Фелаини за да го зајакнат везниот ред.
Како што пишуваат белгиските медиуми, Мурињо телефонски разговарал со Фелаини и го повикал веќе во зимскиот преоден рок да му се придружи во Тотенхем.
Фелаини (32) во февруари од Манчестер премина во кинескиот Шандонг Луненг Таишан со отштета од 7,2 милиони евра.
Играчот од среден ред во Кина игра одлично, а во 32 натпревари постигна 12 и асистираше кај 5 гола. Првата сезона во Кинеската лига ја заврши на петто место на Првенството и со пораз во финалето на Купот.
Во кариерата уште играше за Стандард лиеж, Евертон и Манчестер јунајтед.