Oğuzhan Çal
23 Јуни 2016•Ажурирај: 23 Јуни 2016
АНКАРА (АА) - По завршувањето на натпреварите по групи на Европското првенство во фудбал ЕУРО 2016 кое се одржува во Франција, познати се 16-те репрезентации кои ќе го продолжуват натпреварувањето.
Турската репрезентација која е трета во својата група, не успеа да се пласира во понатамошното натреварување на првенството како една од најдобропласираните третопласирани репрезентации. По одигрувањето на натпреварите по групи, познати се 16-те репрезентации кои го продолжуваат учеството на ЕУРО 2016 во Франција.
Познати се паровите и датумите на натпреварите за квалификации во осминафиналето на ЕУРО 2016.
25 јуни - сабота:
Швајцарија - Полска (15:00 часот - Арена „Жофруа Гишар" - Сен-Етјен)
Велс - Северна Ирска (21:00 часот - стадион „Парк на принцовите" - Париз)
Хрватска - Португалија (21:00 часот - Стадион „Феликс Болар Делелис" - Ленс)
26 јуни - недела:
Франција - Ирска (15:00 часот - „Стадион на Светлоста" - Лион)
Германија - Словачка (18:00 часот - Арена „Пјер Моруа" - Лил)
Унгарија - Белгија (21:00 часот - „Стадион де Тулуз" - Тулуз)
27 јуни - понеделник:
Италија - Шпанија (18:00 часот - Арена „Стад де Франс" - Сен-Дени)
Англија - Исланд (21:00 часот - Арена „Ривиера" - Ница)