Hüseyin Burak Demirer
24 Февруари 2021•Ажурирај: 25 Февруари 2021
АНКАРА
Познати се резервните играчи кои ќе настапат на 70. издание на НБА Ол-стар натпреварот, известува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението објавено на веб-страницата на НБА, познати се резервните играчи кои од клупата ќе настапат за истокот и западот на ревијалниот натпревар, што во утринските часови на 8 март ќе се игра во Арената „Стејт Фарм“ во Атланта, САД.
По гласањето на тренерите во НБА, на клупата на екипата што ќе ја претставува Источната конференција, меѓу резервите влегоа Џејлен Браун и Џејсон Татум (Бостон Селтикс), Зек Лавин (Чикаго Булс), Џулиус Рендл (Њујорк Никс), Бен Симонс (Филаделфија Севентисиксерс), Никола Вучевиќ (Орландо Меџик).
На клупата на Западната конференција на Ол-стар натпреварот ќе седат Ентони Дејвис (Лос Анџелес Лејкерс), Пол Џорџ (Лос Анџелес Клиперс), Дејмијан Лилард (Портланд Треил Блејзерс) Зион Вилијамсон (Њу Орлеанс Пеликанс), Донован Мичел и Руди Гобер (Јута Џез).
Браун, Лавин, Рендл и Вилијамсон, за првпат во својата кариера ќе настапат на еден ол-стар натпревар.
Благодарение на гласовите на навивачите, кошаркарите и претставниците на медиумите, Леброн Џејмс и Кевин Дурант се избрани за капитени на Западната и Источната конференција. Во утринските часови на 5 март овие двајца кошаркари ќе ги изберат играчите на првата петорка и преостанатите резерви што ќе седат на клупите на Истокот и Западот.