Abdulkadir Karakaya,Kayhan Gül
24 Февруари 2021•Ажурирај: 26 Февруари 2021
ИСТАНБУЛ
Унијата на европски фудбалски асоцијации (УЕФА) започна истрага во врска со тврдењата дека шведскиот фудбалер на Милан, Златан Ибрахимовиќ, бил подложен на расистичка реторика за време на натпреварот со Црвена Ѕвезда, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на УЕФА, назначен е инспектор за да го испита инцидентот во натпреварот од Лигата на Европа, одигран меѓу Црвена Ѕвезда и Милан на 18 февруари во Белград, главниот град на Србија.
Се наведува дека информациите кои ќе се добијат во истрагата ќе бидат споделени со јавноста во наредниот период.
За време на натпреварот Црвена Ѕвезда - Милан, одигран на Стадионот „Рајко Митиќ“, некои српски навивачи кои седеа во ложата го навредуваа Ибрахимовиќ кој е по потекло од Босна и Херцеговина.
На инсертите споделени во регионалните медиуми, се слушна дека некои навивачи кои седеле зад Ибрахимовиќ користеле расистички изјави за да ги понижат Бошњаците.
Триесет и деветгодишниот фудбалер не играше на натпреварот кој заврши со резултат 2:2.
Познато е дека Шефик Ибрахимовиќ, таткото на Златан Ибрахимовиќ, имигрирал во Шведска од Босна и Херцеговина во 1970-тите.