Admir Fazlagic
05 Јуни 2017•Ажурирај: 05 Јуни 2017
СКОПЈЕ (АА) - Првото полувреме од пријателскиот натпревар помеѓу фудбалските репрезентации на Македонија и Турција кој се игра на националната арена „Филип Втори" во Скопје заврши без голови, јавува Anadolu Agency (AA).
Екипите и на двете репрезентации почетокот на натпреварот го започнаа офанзивно. Во 19. минута, Езгијан Алиоски нафрли од слободен удар, Мојсов шутираше со глава и постигна гол, но судиите се одлучија да го поништат голот поради офсајд позиција.
Во неколку наврати турските репрезентативци одиграа контранапади преку Арда Туран и Ѓонул Ѓокхан, но сепак без контретни закани по голот на македонскиот голман Димитриевски.
Во првото полувреме за репрезентацијата на Македонија настапуваат: Димитриевски Столе, Ристевски Кире, Мојсов Даниел, Шиков Ванче, Алиоски Езџан, Пандев Горан, Хасани Ферхан, Ристовски Стефан, Стјепановиќ Остоја, Спировски Стефан и Несторовски Илија.
За репрезетнацијата на Турција, во првото полувреме играа: Волкан Бабаџан, Исмаил Којбаши, Емре Чолак, Озан Туфан , Ѓокхан Ѓонул, Арда Туран, Олџај Сахан, Енес Унал, Јунус Мали, Чаглар Сојунџу и Кан Ајхан.
Натпреварот го суди бугарскиот судија Станислав Тодоров.
Инаку, ова е осма средба помеѓу овие две репрезентации. Во досегашните седум меѓусебни натпревари, пет победи забележала турската репрезентација, еден натпревар завршил нерешено и еднаш победила репрезентацијата на Македонија.