Hüseyin Burak Demirer
30 Октомври 2018•Ажурирај: 31 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Хусејин Бурак Демирер
Екипата на францускиот првологаш, Париз Сен Жермен (ПСЖ) во 11. коло на француското фудбалско првенство ја совлада екипата на Марсеј со резултат 2 : 0 и ја забележа својата 11. последователна победа оваа сезона. Актуелниот првак на Франција на тој начин се израмни со англискиот тим Тотенхем, кој досега самостојно го држеше рекордот за најдобар почеток на сезоната меѓу петте надобри лиги во Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
ПСЖ освои 5 шампионски титули во последните 6 сезони во француската фудбалска Лига 1, а со одличниот почеток оваа сезона влезе во фудбалската историја.
Пред почетокот на сезоната, на кормилото на ПСЖ застана тренерот Томас Тухел, а офанзивната тројка што ја сочинуваат Нејмар, Килијан Мбапе и Единсон Кавани, во досегашниот дел од сезоната немаше милост кон противничките голмани.
Фудбалерите на ПСЖ во првите 11 натпревари оваа сезона постигнаа 39 погодоци, а клубот прими само 6. Најдобар стрелец во досегашните натпревари е Мбапе со постигнати 10 погодоци, Нејмар постигна 8, а Кавани 5.
ПСЖ освен што претходно го урна рекордот во националното првенство на екипата на Олимпик Марсеј од 8 кола без пораз постигнат далечната 1938 година, се израмни и со рекордот на англиската екипа Тотенхем, со која во моментов ја дели титулата за најдобар почеток на сезоната, а тоа се 11 победи во првите 11 кола.
Својот најдобар почеток на сезоната англиската екипа Тотенхем го имаше во 1960 година, кога дури во 12. коло одигра нерешено против Манчестер Сити и на тој начин ги загуби првите бодови. Истата сезона Тотенхем беше и шампион на Англија.
Во 12. коло од француското фудбалско првенство, ПСЖ на домашен терен ја пречекува екипата на Лил, а во случај на победа, ќе биде единствена екипа во 5-те европски најпрестижни лиги која постигнала 12 победи последователно од почетокот на сезоната.
Табела на фудбалски екипи од 5-те најдобри европски фудбалски лиги со најголем број последователни победи на почетокот од сезоната.
| Екипа | Лига | Држава | Сезона | Последователни победи |
| Тотенхем | Премиер лига | Англија | 1960/61 | 11 |
| ПСЖ | Лига 1 | Франција | 2018/19 | 11 (серијата е во тек) |
| Рома | Серија А | Италија | 2013/14 | 10 |
| Баерн Минхен | Бундес лига | Германија | 2015/16 | 10 |
| Реал Мадрид | Ла лига | Шпанија | 1968/69 | 9 |