Alma Çekovic
21 Јули 2019•Ажурирај: 23 Јули 2019
ПАРИЗ (АА) - Спортскиот директор на Париз Сен Жермен (ПСЖ), Леонардо Араужо, изјави дека досега немало конкретна понуда од Барселона за бразилскиот репрезентативец Нејмар, пренесува Anadolu Agency (AA).
Леонардо по пријателскиот натпревар на ПСЖ со Нирнберг, кој заврши нерешено 1 : 1, изјави дека во изминатите неколку дена ништо не се сменило по прашањето за трансфер на бразилската ѕвезда.
„Ништо не се промени. Нема конкретна понуда за Нејмар. Тој има договор со нас и тој е наш играч. Ситуацијата е иста веќе 10 дена“, рече Леонардо.
Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел, изјави дека тоа е прашање кое меѓусебно го решаваат клубот и играчот.
„Утре по првпат ќе тренира со тимот. Досега работеше индивидуално“, изјави Тухел.
Германски „Sky“ во четвртокот објави дека Барселона на ПСЖ му понудила 2 играчи плус 100 милиони евра за Нејмар.
Бразилецот неодамна ги пропушти подготовките на актуелниот шампион на Франција, поради што е казнет со 375.000 евра. Истовремено Нејмар ја известил управата на Париз Сен Жермен дека сака да го напушти клубот.
Нејмар во ПСЖ пристигна од Барселона за рекорден трансфер од 222 милиони евра. За францускиот шампион одигра 58 натпревари на кои постигна 51 погодок.