Emre Doğan
10 Март 2017•Ажурирај: 12 Март 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Етичката и дисциплинската комисија на УЕФА започна постапка против шпанскиот клуб Барселона во врска со нередите на реванш-натпреварот од Лигата на шампионите против Париз Сен Жермен (ПСЖ), пренесува Anadolu Agency (AA).
Со соопштението објавено на официјалната интернет-страница на УЕФА, се потврдува дека е започната дисциплинска постапка, како и дека тоа се однесува на дрското однесување на навивачите на каталонскиот клуб.
Овој случај на 23. март ќе биде на дневен ред на комисијата на УЕФА.
И покрај поразот од 4:0 во првиот натпревар против ПСЖ, Барселона во реванш-натпреварот успеа да направи пресврт и да ја победи екипата од „Парк де пренс“ со резултат 6:1. Барселона на тој начин го направи еден од најголемите пресврти во историјата на фудбалот, и го продолжи својот пат кон финалето на Лигата на шампионите.