Ранг-листа на ФИФА: Без промени на врвот, Македонија на 71. место
- Хрватска го сочува 4. место на ранг-листата на ФИФА, а од земјите од регионот, Србија е на 31., а БиХ на 35. местоEkip
07 Февруари 2019•Ажурирај: 08 Февруари 2019
ÜsküpСКОПЈЕ (АА) - Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) денеска ја објави новата Кока-кола ранг-листа на репрезентации на која нема промени на врвот меѓу првите 20 репрезентации во однос на претходната листа, јавува Anadolu Agency (AA).
Најновата светска фудбалска ранг-листа на репрезентации изгледа вака: 1. Белгија, 2. Франција, 3. Бразил, 4. Хрватска, 5. Англија, 6. Португалија, 7. Уругвај, 8. Швајарија, 9. Шпанија и 10. Данска.
Репрезентацијата на Македонија падна за три места на листата и се наоѓа на 71. место. Србија падна за две места и се наоѓа на 31. позиција, додека БиХ во моментов се наоѓа на 35. место, паѓајќи за едно место подолу на листата.
Турција падна за 2 места и се наоѓа на 41. место. Репрезентацијата на Грција се наоѓа на 45. место, паѓајќи за две места, додека репрезентацијата на Црна Гора, исто така падна за две места и со Нигерија го дели 46. место.
Репрезентацијата на Бугарија се наоѓа на 48. позиција, паѓајќи на листата за две места, Албанија падна за едно место и се наоѓа на 61. позиција, додека Словенија се наоѓа на 63. позиција, паѓајќи на ранг-листата за едно место.
Репрезентацијата на Косово е најслабо рангирана селекција од регионот и се наоѓа на 130. место, забележувајќи искачување на листата за едно место.
Најголемо искачување на листата постигна репрезентацијата на Катар, која забележа скок од 38 места. По победата на Азискиот куп, Катар се искачи на 55. место на ранг-листата на ФИФА.
Најголем пад забележа репрезентацијата на Северна Кореја, која, паѓајќи за 12 места, го зазеде 121. место.
Најлошо пласирани репрезентации се Бахами на 210. и Сан Марино на 211. место.