Mutlu Demirtaştan
24 Јуни 2019•Ажурирај: 26 Јуни 2019
ЛОНДОН (АА) - Управата на англискиот премиерлигаш Њукасл Јунајтед соопшти дека нема да го продолжи договорот со шпанскиот фудбалски стручњак Рафаел Бенитез, пренесува Anadolu Agency (AA).
Кон крајот на овој месец истекува договорот на 59-годишниот менаџер на Њукасл, а од клубот денес потврдија дека тоа ќе биде и крај на нивната соработка.
„Страчките“ минатата сезона со Бенитез на клупата завршија на 13. место во Премиер лигата.
Бенитез во Њукасл стигна пред три години, а претходно во кариерата од клупата водеше повеќе големи клубови меѓу кои Ливерпул, Челзи, Интер, Наполи и Реал Мадрид.