Selçuk Buğra Gökalp
20 Декември 2021•Ажурирај: 21 Декември 2021
МАДРИД (АА) - Шпанскиот тенисер Рафаел Надал денеска соопшти дека е заразен со коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Еден од најдобрите тенисери во светот, Надал, на Твитер објави дека е позитивен на коронавирусот по враќањето од Абу Даби.
Тој наведе дека бил негативен на претходните два теста во Кувајт и Абу Даби, а дека на тестот направен во саботата бил позитивен. Откри дека се наоѓа во домашен карантин и дека има поблаги симптоми на Ковид-19.
Надал им се заблагодари на навивачите и им рече дека ќе ги објави можните промени во својот календар на натпреварување.