Hüseyin Burak Demirer
22 Декември 2021•Ажурирај: 23 Декември 2021
АНКАРА - Лос Анџелес Лејкерс како домаќин загуби од Феникс Санс, лидерот на Западната конференција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа во американската Национална кошаркарска лига (НБА) се одиграа пет натпревари. Екипата на Феникс Санс, која има највисок процент на победи во Лигата, извојува победа на гостинскиот терен на Лос Анџелес Лејкерс со резултат 90:108 и ја постигна четвртата последнователна победа.
Во редовите на Санс, каде што седум играчи постигнаа двоцифрен број поени, најпрецизни беа Девин Букер со 24 поени, 9 скока и 7 асистенции и Деандре Ејтон, со дабл-дабл од 19 поени, 11 скока.
Кај Лејкерси најпрецизни играчи беа Леброн Џејмс со 34 поени, 7 скока и Расел Вестбрук со дабл-дабл од 22 поени, 10 скока, 5 асистенции, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот од Санс.
- Мајами Хит подобар од Индијана Пејсерс -
Турскиот интернационалец Омер Фарук Јуртсевен, кој настапува за Мајами Хит, еден од амбициозните тимови во Источната конференција, со 8 поени и 13 скока го даде својот придонес во победата од 125:96 над Индијана Пејсерс.
Најзаслужни за победата на Хит се Данкан Робинсон и Тајлер Хиро, кои постигнаа по 26 поени. Кајл Лаури постигна дабл-дабл од 8 поени, 12 асистенции, 11 скока, а Јуртсевен натпреварот го заврши со 8 поени, 13 скока, 2 украдени топки и 2 блокади.
Во редовите на Пејсерси, Керис Леверт и Крис Дуарте постигнаа по 17 поени.
- Резултати -
Њујорк Никс - Детроит Пистонс 105:91
Мајами Хит - Индијана Пејсерс 125:96
Њу Орлеанс Пеликанс - Портланд Треил Блејзерс 111:97
Далас Маверикс - Минесота Тимберволвс 114:102
Лос Анџелес Лејкерс - Феникс Санс 90:108