Doga Kirmizioglu
11 Мај 2018•Ажурирај: 12 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Шпанскиот тенисер и моментално првиот рекет на АТП-листата, Рафаел Надал, го совлада Аргентинецот Диего Шварцман и се пласира во четвртфиналето на тенискиот турнир во Мадрид, јавува Anadolu Agency (AA).
Надал славеше со резултат 6:3 и 6:4 во сетови и обезбеди билет за четвртфиналето. Освен тоа, Надал со оваа победа го собори рекордот стар 34 години.
Најдобриот тенисер на светот со победата над Аргентинецот го освои вкупно 50. последователен сет на иста подлога, и така го собори рекордот на легендарниот американски тенисер Џон Мекинро, кој пред 34 години го освои 49. сет на иста подлога.
Мекинро во 1984 година го освои 49. последователен сет на трева, додека Надал со победата над Аргентинецот го освои 50. сет на земја.
Надал во четвртфиналето во Мадрид го чека натпреварот со Австриецот Доминик Тим.