Dejan Maksimoviç
11 Мај 2018•Ажурирај: 12 Мај 2018
МАДРИД (АА) - Фудбалскиот клуб Атлетико Мадрид ќе биде еден од противниците кој ќе ја тестира репрезентацијата на Нигерија во пресрет на Светското првенство, што ќе се одржи ова лето во Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
Средбата на „Супер орлите“ и Атлетико ќе се одигра на 22 мај во Ујо на стадионот „Годсвил Акпабио“. Интересно е што само шест дена претходно, клубот од Мадрид во Лион ќе игра финале на Лигата на Европа против Олимпик Марсеј.
„Ова е историско соопштение и многу сме возбудени што можеме да ги споделиме овие вести со нашите фанови во Нигерија. Атлетико Мадрид, еден од најголемите клубови во Ла Лига, ќе гостува во Нигерија и ќе им даде можност на навивачите да уживаат во гледањето на нивните ѕвезди. Африка и Нигерија се особено важни за нас, бидејќи го сакаат шпанскиот фудбал, на кој сме горди“, рече за шпанскиот медиум Хавиер Тебас, претседател на Ла Лигата.
Покрај спектаклот со Атлетико Мадрид, како дел од подготовките за Мундијалот, тимот на Нигерија ќе се состане со Демократска Република Конго и Чешка.
„Супер орлите“ на Светскиот шампионат во Русија кој ќе се одржи од 14 јуни до 15 јули, ќе играат во групата „Д“ со селекциите на Аргентина, Хрватска и Исланд.