Şenhan Bolelli
17 Јули 2020•Ажурирај: 17 Јули 2020
МАРИД
Реал Мадрид стана шампион на 2019-2020 сезона во шпанската Прва фудбалска лига (Ла Лига), јавува Агенција Анадолија (АА).
Едно коло пред крајот на сезоната, Реал Мадрид на свој терен победи против Виљареал со резултат 2-1, со што ја прогласи својата 34. победа во лигата.
Головите за Реал Мадрид ги постигна Карим Бензема во 29. минута и во 77. минута од пенал, додека голот за Виљареал го постигна Висенте Ибора во 83. минута.
Со овој резултат, Реал Мадрид има 86 бода во табелата и едно коло пред крајот на сезоната прогласи победа во оваа сезона.
На второ место со оснвоени 79 бода се наоѓа Барселона.
Реал Мадрид во својата историја 34. пати стана шампион во шпанската лигата, а неговиот ривал Барселона 26 пати.