Fatih Erel
11 Март 2019•Ажурирај: 12 Март 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - По последните натпревари во првите пет европски фудбалски лиги во текот на изминатиов викенд, Манчестер Сити, Барселона, Јувентус, Баерн Минхен и Париз Сен-Жермен се наоѓаат на врвот во нивните лиги, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во англиската Премиер лига, актуелниот шампион Манчестер Сити остана на врвот со 74 бода и шест победи по ред, по победата над Ватфорд со 3:1.
Второпласираниот Ливерпул го порази Барнли со резултат 4:2 и постигна 73 бода.
Во шпанската Ла Лига, Барселона го порази Рајо Ваљекано со 3:1 и постигна 63 бода.
Второпласираниот Атлетико Мадрид го порази Леганес со резултат 1:0, додека Реал Мадрид го порази Реал Ваљадолод со 4:1.
По Барселона следуваат Атлетико Мадрид со 56 бода и Реал Мадрид со 51 бод.
Во италијанската Серија А, Јувентус се наоѓа на врвот на лигата со 75 бода откако го порази Удинезе со 4:1 и победи на 24 од 27 натпревари.
Наполи постигна изедначен резултат со Сасуоло 1:1 и остана на 57 бода, 18 бода помалку од првото место, додека Милан го победи Киево со 2:1 за да остане на третото место.
Во германската Бундеслига, Борусија Дортмунд го порази Штутгарт со 3:1, додека актуелниот шампион Баерн Минхен го порази Волфсбург со 6:0 и го презеде водечкото место од Борусија Дортмунд со еден гол разлика.
Баерн Минхен и Борусија Дортмунд имаат 57 бода.
Во француската Лига 1, натпреварот меѓу ПСЖ и Нант беше одложен, второпласираниот Лил го порази Сен-Етиен со 1:0, а Олимпик Лион постигна изедначен резултат со Стразбур 2:2.
ПСЖ се многу силни на врвот на лигата со 71 бод, а по нив следуваат Лил со 57 и Олимпик Лион со 50 бода.