Mutlu Demirtaştan
26 Мај 2019•Ажурирај: 28 Мај 2019
ПАРИЗ (АА) - Руската тинејџерка Анастасија Потапова ја елиминираше германската тенисерка Анџелик Кербер и приреди големо изненадување во првото коло на Ролан Гарос, грем-слем турнирот во Париз, јавува Anadolu Agency (AA).
Во моментов 81-та тенисерка во светот, Потапова, за 1 час и 13 минути ја совлада Кербер, петтата тенисерка на светот, и се избори за настап во второто коло.
Искусната Кербер немаше одговор на играта на 18-годишната Потапова, која на крајот победи со 2:0 во сетови (6:4 и 6:2).
Потапова во второто коло ќе игра против подобрата од дуелот помеѓу Кинезинката Јафан Ванг и Чехинката Маркета Вондроушова.