Şenhan Bolelli
23 Мај 2019•Ажурирај: 25 Мај 2019
МАДРИД
Шпанскиот фудбалски клуб Барселона соопшти дека е потпишан тригодишен договор со малдиот холандски талент од среден ред, Лудовит Рејс, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на овој клуб, 19-годишниот Лудовит потпиша договор со Барселона кој важи до 30 јуни 2022 година, со опција да се продолжи за дополнителни две години.
Во соопштението се наведува дека Лудовит е трансфериран од холандскиот клуб Гронинген.
Лудовит со дресот на Гронинген досега одигра 50 официјални натпревари.