Mutlu Demirtaştan
22 Август 2018•Ажурирај: 23 Август 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Португалскиот фудбалски ас Кристијано Роналдо изјави дека лесно донел одлука за премин од Реал Мадрид во Јувентус, и дека со италијанската екипа сака да напише нова историја и да ја освои Лигата на шампионите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Роналдо за спортскиот портал DAZN изјави дека победниците во Јувентус работат на заедничка цел и дека пехарот од Лигата на шампионите ќе го донесе во Торино оваа или наредната година.
„Јувентус е еден од најреномираните клубови на светот и тоа сите го знаат. Внимателно работиме и многу сум среќен во новата средина“, изјави 33-годишниот Роналдо, кој пред почетокот на сезоната пристигна во Јувентус, откако во дресот на Реал Мадрид беше четирикратен освојувач на Лигата на шампионите и доби награда за најдобар фудбалер во Европа.
Роналдо изјави дека во Реал Мадрид освоил сѐ што може да се освои и дека таму и понатаму има многу пријатели кои ги смета за свое семејство.
„Јувентус покажа дека искрено ме сака во своите редови. Ми даде можност и среќен сум. Во овој клуб сакам одново да напишам историја“, порача еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Роналдо.