Ekipa
26 Август 2018•Ажурирај: 27 Август 2018
МОСКВА (АА) - Рускиот милијардер Генади Тимченко најави изградба на најголемата хокејска сала во светот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Тимченко, претседател на рускиот хокејски клуб СКА Санкт Петербург, денес за руските медиуми изјави дека новата хокејска арена во Санкт Петербург ќе има капацитет од рекордни 22.500 гледачи.
Тој истакна дека тоа ќе биде и потенцијално светско одредиште за Светското првенство во хокеј на мраз што ќе се одржи во Русија во 2023 година.
Изградбата на новата арена ќе започне следната година, а станува збор за проект во вредност од 20 милијарди руски рубли (295 милиони долари).
„Bell Center“ во Монтреал, Канада, моментално е најголемата хокејска сала во светот, со капацитет од 21.288 гледачи.