Hasan Esen
27 Август 2018•Ажурирај: 28 Август 2018
МАДРИД (АА) - Во второто коло на шпанската Прва фудбалска лига (Ла Лига), Реал Мадрид на гостински терен го совлада својот противник Жирона со резултат 4:1, пренесува Anadolu Agency (AA).
Жирона на домашен терен на стадионот „Монтиливи“ се соочи со екипата од Мадрид.
Домаќинот во 16. минута од натпреварот успеа да постигне погодок со голот на Борха Гарсија.
Првото полувреме заврши со нерешен резултат 1:1, откако Реал Мадрид ја затресе мрежата на противникот во 39. минута со голот на Серхио Рамос што го постигне од пенал.
Во второто полувреме на мечот, гостинскиот тим имаше уште еден пенал во 52. минута, кога Карим Бензема успеа да постигне погодок.
Со голот на Гарет Бејл во 59. минута, и на Карим Бензема во 80. минута, Реал Мадрид успеа да го совлада својот противник со резултат 4:1.
Реал Мадрид има 6, додека Жирона само еден бод на табелата.