Dejan Maksimoviç
26 Јуни 2018•Ажурирај: 27 Јуни 2018
МОСКВА (АА) - Мухамед Салах им се извини на навивачите на Египет поради елиминацијата во групната фаза на Светското првенство во Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
Египќаните знаеја дека се враќаат дома и пред вчерашниот дуел од последното коло од групата „А“ против Саудиска Арабија. Сепак поразот додаде „сол на раната“, бидејќи „фараоните“ ја напуштија Русија без ниту еден освоен бод.
Салах не играше во првиот натпревар против Уругвај поради повреда на рамото, за да настапува со Русија и Саудиска Арабија. Против Саудијците напаѓачот на Ливерпул постигна гол, но се заврши со пораз со резултат од 1:2.
„Сакаме да им се извиниме на сите египетски навивачи кои дојдоа во Русија за да нè поддржат во три натпревари. Знам дека им е тешко, исто како и нам. Само сакаме да кажеме дека Египет дојде на Светското првенство после 28 години, некои наши играчи немаат искуство, но благодарение на нив ќе се вратиме во 2022 година“, рече Салах.
Набргу по враќањето од Светското првенство, Салах ќе се приклучи на подготовките во Ливерпул, каде што блесна минатата сезона со 44 гола во 52 натпреварувачки меча. Сјајниот 26-годишен напаѓач за Египет досега одигра 59 натпревари и постигна 35 гола.