Hüseyin Eroğul
27 Јуни 2018•Ажурирај: 03 Јули 2018
РОСТОВ (AA) - Репрезентацијата на Хрватска од групата Д на Светското првенство во Русија во осминафиналето помина како првопласирана екипа, додека Аргентина оди понатаму од втората позиција, јавува Anadolu Agency (AA).
Хрватска во 3. коло од групата „Д" на „Ростов Арената" во Ростов ја совлада селекцијата на Исланд со резултат 2:1 и така го потврди првото место во групата.
Голови за Хрватска постигнаа Милан Бадељ во 53 минута и Иван Перишиќ во 90. минута додека погодок со Исланд постигна Гилфи Сигурдсон во 76. минута.
Во вториот меч во истата група, репрезентацијата на Аргентина на стадионот „Санкт Петерсбург" во Сант Петерсбург со гол во последните минути од мечот ја победи Нигерија со 2:1, со што во последното коло успеа да избори пласман во осминафиналето.
Стрелци за Аргентина беа Лионел Меси во 14 и Маркос Ројо во 86 минута, додека погодок за Нигерците постигна Виктор Мосес во 51. минута.
По посленото 3. коло прво место во групата и припадна на Хрвтска која ги освои сите 9 бодови, Аргентина е втора со 4 бода, Нигерија е трета со три, додека Исланд има само еден бод.
Хрватска во осминафиналето ќе игра против Данска, а Аргентина против репрезентацијата на Франција.