Dejan Maksimovic
22 Септември 2020•Ажурирај: 23 Септември 2020
МИЛАН
Фудбалскиот клуб Интер денес официјално објави дека го донел Артур Видал од Барселона, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Од клубот од Милано истакнаа дека искусниот играч од среден ред потпишал двегодишен договор, со можност за продолжување на соработката за уште една година.
Првично беше објавено дека Барселона барала милион евра за да го пушти 33-годишниот Чилеанец, но наместо тоа постигнат е договор само за бонусите поврзани со учинокот на играчот.
Видал пристигна во Италија во неделата навечер, а вчера го помина лекарскиот преглед и во вечерните часови во седиштето на Интер го потпиша договорот. Официјалната потврда од Интер беше објавена утринава.
Видал ја започна својата кариера во Коло-Коло, а потоа играше за Баер Леверкузен, Јувентус, Баерн Минхен и во изминатите две сезони во Барселона. За каталонскиот клуб одигра 96 натпреварувачки меча и постигна 11 гола. Во дресот на репрезентацијата на Чиле, со која двапати го освои Копа Америка, забележа 115 настапи и 28 погодоци.