Dejan Maksimovic
20 Декември 2017•Ажурирај: 21 Декември 2017
МАДРИД (АА) - Серхио Рамос, капитенот на Реал Мадрид, свесен е дека на неговиот тим во саботното „Ел Класико“ против Барселона играта им е само победа, доколку сакаат да останат во трката за одбрана на титулата шампион на Шпанија, јавува Anadolu Agency (AA).
Пред дуелот, кој ќе се игра на Сантјаго Бернабеу, Барселона има дури 11 поени повеќе од Реал, така што евентуалниот пораз на „кралскиот клуб“ може да го чини скапо.
„Тоа ќе биде голем натпревар. Не постојат зборови со кои може да се опише 'Ел Класико'. Тоа е сосема различен и најважен натпревар во светот. Ние имаме обврска да победиме, повеќе од кога било, поради ситуацијата во која самите дојдовме. Го дочекуваме натпреварот во добра форма и расположение откако го освоивме трофејот на Светското клупско првенство. Со нетрпение чекаме да играме и работевме напорно оваа недела, па се надевам дека ќе освоиме три бода, кои ќе ни овозможат да останеме во чекор со тимовите кои се пред нас“, изјави Рамос за шпанските медиуми.
Големото дерби на шпанскиот фудбал, 175. по ред во Ла Лигата, ќе се игра во сабота во 13.00 часот. По 16 круга Барселона е лидер на табелата со 42 поени, додека Реал е на четвртата позиција со 31 поен и натпревар помалку. Меѓу нив се Атлетико на второ место со 36 поени и Валенсија со два поена помалку.