Doğa Kırmızıoğlu
12 Февруари 2021•Ажурирај: 12 Февруари 2021
АНКАРА - Екипата на Баерн Минхен е нов светски клупски шампион во фудбал по победата во финалето од 1:0 над мексиканскиот претставник Тигрес, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во финалето на 17. ФИФА Светско клупско првенство што се одржа во Катар, се состанаа победникот на УЕФА Лигата на шампиони, екипата на Баерн Минхен и екипата на Тигрес, која е победник на Лигата на шампиони на фудбалската Конфедерација на Северна, Централна Америка и Карибите (КОНКАКАФ).
На овој натпревар од лични причини не настапи Жером Боатенг, додека Томас Милер беше надвор од теренот бидејќи кај него е детектиран новиот тип коронавирус (Ковид-19). Првото полувреме заврши без погодоци, додека во 59. минута од второто полувреме, Бенжамен Павар постигна погодок и на германскиот претставник му донесе победа од 1:0.
Со овој резултат Баерн Минхен по вторпат го освои ФИФА Светскиот клупски куп, по оној во 2013 година.
Претставникот од Баварија, по освојувањето на УЕФА Лигата на шампиони, УЕФА Супер купот, германскиот Супер куп, германското Првенство и германскиот Куп, со победата на овој турнир, сезоната ја заврши со 6 освоени трофеи.