Bakir Tiro
14 Јуни 2018•Ажурирај: 15 Јуни 2018
МОСКВА (АА) - Мухамед Салах, првата ѕвезда на фудбалската репрезентација на Египет, направи тренинг со полн интензитет, соопштија од стручниот штаб на популарно наречените „фараони“, јавува Anadolu Agency (AA).
Играчот на Ливерпул кој се повреди во финалето на Лигата на прваци по дуелот со Серхио Рамос, дефанзивецот на Реал Мадрид, како што тврдат Египќаните, би требало да биде подготвен за натпреварот од првиот круг на групата „А“ на Светското првенство во Русија кој утре, на 15 јули, ќе го играат против Уругвај.
Светското фудбалско првенство ќе биде отворено денес на стадионот „Лужники“ во Москва со натпреварот од групата „А“ меѓу домаќинот Русија и Саудиска Арабија.