Berad Büyük
08 Септември 2020•Ажурирај: 08 Септември 2020
ИСТАНБУЛ
Синоќа се одиграа 8 натпревари од второто коло во УЕФА Лигата на нации, известува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 8 средби од второто коло на Лигата на нации во Лигата А, Б и Ц, што на репрезентативно ниво ја организира УЕФА.
Во Групата 1 од Лигата А, Италија со погодокот на Николо Барела во 45. минута како гостин ја совлада Холандија со 0:1.
Репрезентацијата на Босна и Херцеговина на домашен терен загуби од Полска со резултат 1:2. БиХ поведе во 24. минута со погодокот на Хариз Хајрадиновиќ од белата точка. Полска направи пресврт и со погодоците на Камил Глик во 45. и на Камил Гросицки во 67. минута извојува победа од 1:2 на гостувањето во Босна и Херцеговина.
Во Групата 1 во Лигата Б, Северна Ирска на домашен терен ја пречека репрезентацијата на Норвешка. Гостите извојуваа убедлива победа од 1:5, а погодоците за Норвешка ги постигнаа Халанд и Сорлот по двапати, а еден погодок постигна Елјонуси, додека единствениот погодок за Северна Ирска го постигна МекНер.
Во вториот натпревар од оваа група Австрија на домашен терен загуби од Романија со резултат 2:3
Резултати од синоќа одиграните натпревари во УЕФА Лигата на нации:
Лига А
Група 1: Холандија - Италија 0:1
БиХ - Полска 1:2
Лига Б
Група 1: Австрија - Романија 2:3
Северна Ирска - Норвешка 1:5
Група 2: Израел - Словачка 1:1
Чешка - Шкотска 1:2
Лига Ц
Група 4: Казахстан - Белорусија 1:2
Албанија - Литванија 0:1