Berad Büyük
08 Септември 2020•Ажурирај: 09 Септември 2020
ИСТАНБУЛ
Светски познатата фудбалска ѕвезда, францускиот играч Килијан Мбапе, е позитивен на новиот тип коронавирус (Ковид-19), известува Агенција Анадолија (АА).
Француската фудбалска федерација на својот интернет-сајт објави дека при тестирањето спроведено од страна на УЕФА, откриено е дека францускиот репрезентативец Мбапе е позитивен на Ковид-19 и дека е изваден од националниот тим.
Мбапе (21), кој го носи дресот на францускиот шампион Париз Сен Жермен (ПСЖ), се наоѓа во карантин во сопствениот дом.